речник контакт

Поставен е камен темелникот на новата зграда на велешкиот театар

Поставен е камен темелникот на новата зграда на велешкиот театар „Џинот“ кој вчера попладне започна да се гради во центарот на градот.

Петар Печков

Поставен е камен темелникот на новата зграда на велешкиот театар „Џинот“ кој вчера попладне започна да се гради во центарот на градот. Тој, кога ќе биде готов за две години, ќе треба да го унапреди културниот живот во градот, а велешани освен што ќе следат претстави во функционален објект, ќе можат да гледаат опера, балет, фиолхармонија, арт –кино, децата пак куклени претстави.

- Овој момент е од цивилизациско значење за Велес, пресвртница за театарскиот живот во градот. Претставите ќе добијат нова естетика а ние, актерите можност за поголемо докажување. Новата зграда на театарот е продолжување на сонот на нашиот сограѓанец, преродбеникот Џинот, за театар на македонски јазик – вели Јордан Витанов, директор на велешкиот театар Јордан Хаџиконстантинов Џинот. Објектот ќе има 3.800 метри квадратни површина, со две сали  голема за 368 и мала сцена за стотина гледачи и луксузно фоаје. Тој е дело на архитектите Илија и Моника Стојчевски и Билјана Хриостова од Ателје –проектинг.



- Кога го работевме проектот гледавме тој  да се вклопи во архитектурата и амбиентот на градот, да биде фукнционален и есетски во една целина. Од конкурсното решение има две измени, прво беше отфрлена библиотеката а потоа и деловниот простор,за сега да имаме чиста театарска зграда со оригинална архитектура – објаснува архитектот Илија Стојчевски.  За изградба на театарот Министерството за култура обезбеди 124 милиони евра а рокот за изведба е една година, го гради тетовската фирма „Еуро-проект“. Градот пак го ослободи инвеститорот од плаќање на комуналните такси.

- Културата и револуцијата во Велес оделе рака под рака. Ова е прва инвестиција во културата во градот за изминаите 60 години, чин на исправање на неправдата од 1968-та година кога театарто во Велес беше затворен. Новито театар ќе има рефлекција на севкупното културно живеење и ќе овозможи културно и духовно надградување на велешани – ијави премиерот Никола Груевски. Разбирлива беше желбата на бројните гости, актери да учестуваат во поставувањето на камен темелникот, бидејќи за 60 години ова е прва капитална инвестиција во културата во Велес. 



- Кога прв пат влегов во театарот во 1994-тата, беше донесено решението да се гради  а подоцна и ја видов макетата од зградата. Растев, се запишав, завршив, се вработив минаа 14 години од тогаш а сега конечно се остваува овој сон – вели актерот Зоран Љутков. Многумина од актерите, и млади и стари, пензионери се фатија за лопатата, бидејќи за нив овој момент беше историја.



- Со мислата за нов театар ја игравме секоја претстава. Пресреќен сум а уште повеќе ќе бидам доколку за две години заиграм повторно на овие даски пред моите сограѓани, кои сите години  не подржуваа да истраеме во тоа што го работевме – рече Васил Зафирчев.





АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »