речник контакт

Поставени 12 контејнери за електронски отпад

Локациите се на фреквентни места, каде граѓаните може да го одлагаат нивниот електронски отпад

Петар Печков

Kомпанијата „Нула отпад“  од Скопје постави 12 контејнери за електронски отпад на исто толку локации во градот. Во наредниот период во градот ќе се постават дополнително уште 12 вакви контејнери. Локациите се на фреквентни места, каде граѓаните може да го одлагаат нивниот електронски отпад.

„Здравата животна средина е наше право, но и обврска. Да ја чуваме. Затоа вашиот стар електронски отпад не го расфрлајте во и околината на градот и насекаде во природата, туку одложете го во овие контејнери наменети токму за оваа цел“’- порачаа од Општина Велес, партнер во оваа акција.

Во овие контејнери може да се одлага електронски отпад, телевизори, лап топи, батерии, слушалки, вентилатори, фото апарати, домашни електронски кујнски апарати, пегли, фенови, миксери, акумулатори.

Овој отпад содржи екстремно токсични, често канцерогени супстанции што доведуваат до оштетување пред се на мозокот, срцето, бубрезите, белите дробови, а влијаат и на зголемување на крвниот притисок и на проблеми во репродуктивниот систем кај луѓето. Речиси 70% од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »