речник контакт

Поставено обележје на Ротари клубот од Велес

Се наоѓа во паркот пред Гимназијата, вредно е 15 илјади евра

Петар Печков

Ротари клубот од Велес денес постави свое обележје, кое се наоѓа во дворот на Гимназијата. Тоа е метален столб со знакот на  ,,ротаријанците,,.

На оваа свеченост присуствуваа гости од  Цеље – Словенија, Дубница – Бугарија,  Сомбор, Врање, Сремска Митровица, но и од ротари клубовите  од Македонија.  

Идеалот на помагање на другите е мотото на ротаријанците од светот.   Идејното решение на просторот е на Јулијана  Андонова Чипевска, Живко Пренџов  кој е автор на обележјето. Тоа е изработено со помош на Јосе Манев  - Пескара вел, Румен Смилев и неговата фирма ,,Малина,, која го обезбеди хортикултурното  уредување на просторот.

Просторот е посветен на нивната почината членка Татјана Ѓоргиева   Лазаревска, чија идеја  била тука да се оформи вакво катче. Обележјето на Ротари клубот Велeс го открија претседателот на  Ротари клубовите на Македонија  Игор  Андреевски и претседателот на Ротари клубов Велeс Аце Коцевски.  Вредноста на целиот проект е  околу 15 илјади евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »