речник контакт

Постапка за гласање на 15-ти јули, но и двата дена претходно

Како се гласа на 15-ти јули, но и двата дена претходно лицата со ковид-19 и тие што се во изолација, но и за болните и изнемоштените

Петар Печков

Елизабета Постоловска, како член на ДИК, ја опиша постапка на гласање на 15 јули и рече дека ДИК е должна пред гласањето во просторите каде што ќе се гласа да спроведе темелно чистење, односно механичко чистење дезинфекција во секое избирачко место во државата без разлика дали се работи за училници во основни и средни училишта, или пак се работи за приватни објекти.

Сите 3 840 избирачки места ќе бидат дезинфицира од ДИК. На денот на гласањето секој гласач е должен да држи пристојно растојание од метар и пол или два пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласчко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да држи маска .На ниту еден гласач нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако претходно не ги дезинфицира рацете и не носи маска. Следниот чекор е кога гласачот влегува со маската во избирачкото место и истиот е должен при идентификација на кратко да ја извади маската за да избирачкиот одбор го утврди неговиот идентитет. Рацете ќе треба да се дезинфицира при влезот и излезот на гласачкото место. Избирачките одбори внатре се должни да седат на дозволено растојание од метар до метар и пол, и постојано да носат заштитна маска, како и ракавици со тоа што гласачите наведуваме дека не треба да носат ракавици кога ќе влегуваат во гласачките места рече Постоловска.

 

Посебниот избирачки одбор кој ќе го спроведе гласањето на 13 јули во домовите на лицата кој што се заразени со Ковид-19 и лицата кои се во самоизолиција (домашен карантин) ќе се состои од здравствени работници и претставници на политичките партии, соопшти Борис Кондарко, член на Државната изборна комисија.

Како што објасни Кондарко, на 72 втора седница на ДИК, членовите на тој одбор, ќе бидат опремени со лична заштита опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција.

 

Членовите, според утврдените протоколи заштитна опрема ја менуваат по завршување на гласањето кај домот на секој гласач, односно толку пати колку што ќе одат да посетат домови на лица каде што има гласање.

Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска преку носот и устата. При самото влегување во просторот (домот) најпрво лицето кое што гласа ги дезинфицира рацете. При влезот на домот на гласачот пред да му се даде гласачкото ливче, на гласачот му се дава заштитна маска доколку ја нема и задолжителни заштитни ракавици. При подавањето на личната карта лицето кое ќе гласа накратко ја симнува маската за идентификација и ја одржува препорачаната дистанца минимум од членовите на избирачкиот одбор, кој исто така се целосно заштитно опремени. Пред да му се даде ливчето за гласање на гласачот задолжително е да ги дезинфицира рацете на кој исто така има заштитни ракавици. По завршувањето на гласањето лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете. Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува минималната физичка дистанца од еден, до еден и пол метар -информираше Кондарко.

Тој воедно рече дека нема да се спроведува дезинфекција на гласачката кутија после секој гласач. Сличен процес на гласање ќе се одвива и на 14 јули, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, која истакна дека за разлика од 13 јули, процесот на гласање во домовите на болните, хроничните лица на 14 ќе го спроведат Основните избирачки одбори. Тие според Шеху нема да носат мантили како заштита, заради тоа што не се работи за позитивни случаи од Ковид-19. Но, тие ќе носат заштитна маска, ракавици и одржување на дистанцата. Маската членовите на ОИО треба да ја менуваат на секој четири часа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »