речник контакт

Постигната 7-ка во Кичево, вредна над 500 000 евра

Ова е 27-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна Лотарија (од 2010 година)

Петар Печков

Државна лотарија известува дека во 95. коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од32 921 304 00 денари, (околу 535 000 евра). Извлекувањето се реализираше вчера, во среда, на 30 ноември(2022 г.), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.

Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место ДЕТЕЛИНКА, во Кичево. Уплатени се 5 лото-комбинации, а добитна е 5-тата комбинација со броевите: 2, 10, 11, 12, 24, 36, и 37.
Ова е 27-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна Лотарија (од 2010 година).

За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Рекордната премија во вредностнад 41 000 000 денари е постигната на 26 октомври 2021 во Визбегово, Скопје.

Најновата 7-ка е втора во Кичево и повеќе од двојно поголема од првата. Првата, во 2019 г., на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесе премија од 11 966 712 денари.

Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – какво е чувството кога ќе се добие 7-ка на ЛОТО 7.

Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитник и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на најновиот лото милионер.

Во тек е уплатата за коло 96, а премијата за 7-ка изнесува 7 000 000 денари.

Во претпразничниот период Ви предлагаме онлајн учество на www.loto.mk, во играта на среќа со најголема добивка во државата  ̶  Играта ЛОТО 7.

ПР текст

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »