речник контакт

Потврдена затворската казна на екс претседателот на Основен суд Скопје1, изречена во Основен суд Велес

Панчевски е осуден заради рачно местење на предметите кај одредени судии

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје ја потврди казната затвор за поранешниот претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски а ја преиначи нејзината висина, па наместо три  и пол години ќе лежи две и пол.

Тој првостепено беше прогласен за виновен од судијката Валентина Ѓорѓиевска, за кривичното дело  „злоупотреба на службена положба“, дека рачно местел предмети како претседател во Основен суд Скопје1, во периодот  од 2013 до 2016-та, според обвинението вкупно за 45.

Со свој потпис обвинетиот одредувал кој судија ќе  работи одреден предмет. Ова е спротивно од Законот за судовите, со што  директно влијаел на распределбата на предметите.Со преземените дејствија,  обвинетиот  влијаел на движењето на предметите, оформувањето, предавањето во работа и на состојбата со управувањето на системот, пишува во обвинението.  Во завршен збор Панчевски кажа  дека обвинението било политичко.

При увидот во предметите каде параф ставал обвинетиот, присутните во судницата во Основен суд Велес  можеа да слушнат дека освен за предметите „шамари во Центар“ и „Талир“ другите  биле за кривични дела - превоз на мигратни, за недозволена трговија со дрога, за злоупотреба на службена положба.

Во казната од две години и шест месеци затвор треба да се засмета и притворот, додека Панчески беше во Шутка, мерка изречена заради негово обезбедување за присуство на главна расправа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »