речник контакт

Потврдени 15 години затвор за педофилија врз сопствените ќерки

Апелациониот суд од Скопје ја отфрли жалбата на обвинетиот, со што стана правосилна пресудата за таткото кој блудничел врз неговите три ќерки.

Петар Печков

     Апелациониот суд од Скопје ја отфрли жалбата на обвинетиот, со што стана правосилна пресудата за таткото кој блудничел врз неговите три ќерки.    Останува максималната казна затвор од 15 години за   велешанецот Ѓ.Ѓ. ( 45 год) за педофилијата што ја стори врз сопствените три ќерки, на возраст од сега 5, 7 и 9 години.

Аргументите на вештите лица од  гинеколошките вештачење изведени над девојчињата и на психијатриските вештачења изведени над таткото и неговите ќерки, биле цврст доказ дека делото за кое се товари обвинетиот татко и го стори.  Ѓ.Ѓ. доби единствена казна затвор од 15 години иако за трите дела полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години тој доби поединечно по 10 години или вкупно 30, кои судот му ги пресмета во една единствена.  Грозниот и несфатлив чин таткото го вршел во период од една година од 2009-та до август 2010-тата, пред да биде уапсен. 

Овој случај  болно  и разочарувачки одекна во јавноста во земјава на 25 август  2010-тата  кога по извршените разговори со девојчињата,  полицијата  дознала дека таткото Ѓ.Ѓ. со примена на сила, честопати го извршувал грозоморниот чин, подолг период наназад, во време кога мајката не била присутна дома. Соседите не веруваа во ваквиот случај, бидејќи таткото грижливо се однесувал кон децата и секаде ги носел со себе, не оставајќи ги ни малку сами.

Заради заштита на трите девојчиња, целиот случај се одвиваше зад затворени врати и немаше многу информации во јавноста.   Претходно со правосилна судска пресуда, одземено му беше родителското право на таткото врз трите ќерки. Тие сега се сместени во згрижувачко дом семејство надвор од Велес.

Оваа пресуда не е единствена која што е изречена во Основниот суд во Велес. Имаше  две  кои се правосилни а сторителите на педофилија добија по 15 односно по 13 години. Едниот од нив, 76 годишниот  Делчо Спасов  не ја издржа казната до крај, откако  по одлежани три години, почина во затвор.  Деан Делчо Спасов (73 год)  доби казна затвор од 13 години за две кривични дела, за полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години. Тој беше осуден оти  блудничел врз две сестри близначки во повеќе наврати  почнувајќи од септември 2007-та до август 2008-та година. Спасов ги пречекувал девојчињата, тогаш на возраст од 11 години да се вратат од училиште, ги носел во визбата од зградата каде живееле или во неговиот стан. Тој ги примамувал близначките така што им ветувал дека ќе им даде по 40 денари а по извршените блудни дејствија им плаќал по 10 денари.  

Богомилчанецот  Трајче Петковски (58 год) одлежува казна затвор од 15 години исто за педофилија. Тој сексуално малтретирал 12 годишно девојче од селото а се изживувал и врз неговата 12 годишна ќерка. Двете девојчиња биле другарки и посетувале настава во училиште за деца со посебни потреби. Во овој период во Основниот суд во Велес изречени се и четири други казни за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, во кои сите  сторители добија идентична казна по осум години  затвор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »