речник контакт

Потомците на Брашнаров бараат рехабилитација, идентификација и пренесување на останките во Велес

64 години од смртта на народниот трибун Панко Брашнаров

Петар Печков

Шеесет и четвртата годишнина од смртта на Панко Брашнаров беше одбележана со  положување цвеќе на споменикот на  народниот трубун и борец за социјални права. Меѓу бројните присутни беа и дел од неговите потомци внуци од Велес.  Тие и натаму бараат да бдиат симнати мистериите околу смртта на Брашнаров, но и тој да биде идентификуван а пред се рехабилитиран.

И по толку години од смртта на Панко и доаѓањето на демократијата во земјава,  не е почната процедура за негова рехабилитација. Имаше најави, дискусии што и како да се стори, но ништо од тоа, остана само на збор. Потоа се пронајде гробот, според докуемтните на Мирогој, каде почива Брашнаров. Беше најавено дека ќе ни земат ДНК за да се утврди дали тоа се  навистина неговите мошти. Ниту тоа не се случи. Имаме впачаток како да не се сака да се расчистат дилемите околу смртта и страдањата на Панко Брашаров и негова исртекна рехабилитација, на човекот кој вистински почина за Македонија и сведок на двата Илиндена - велат потомците кои му оддадоа почит на нивниот дедо. 

Панко Брашнаров живееше во мизерни услови, иако беше со мандат на пратеник кога утрото во шест и пол го уапсиле. Беше тоа 1950-тата година,  во соба вкопана во земја, со влага и мемла, cо полско веце и без водовод и канализација. Ете таков беше тој народен пратеник наспроти елитата која тогаш живееше на Водно. Две униформирани лица го изнесоа и повеќе не го видовме. За  смрттa  нашите  родители дознале четири месеци по настанот. Официјално им кажале дека паднал камен врз него и така  погинал  - објаснуваат неговите внуци.

Панко Брашнаров (9 август 1883- 13 јули 1951) бил македонски комунист, член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Поради поддршка на Резолуцијата на Информбирото е уапсен и испратен на Голи Оток, каде набрзо умира како најстариот затвореник по основа на Информбирото.

Во неговиот 68 годишен животен пат, 50 години бил вклучен во револуционерни активности а повеќе од десет години минал во бугарски, српски и југословенски затвори. На основачкиот конгрес на ВМРО (Обединета) во октомври 1925 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет.

Долго време се  бараше неговиот гроб, кој според расположливата документација се најде на гробиштата Мирогој во Загреб. Но и по  четири години не се идентификвани остатоците, кој почива на тоа гробно место, кое Општина Велес  го уреди и изгради спомен плоча.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »