речник контакт

Потонати бродови од Прва Светска војна во Охридско езеро (фото)

Бродовите, чии број не е познат се наоѓаат на крајбрежјето на Струга и се на длабочина помеѓу 6 и 7 метри

Петар Печков

Еден век се стари бродовите во Охридското Езеро што нуркачите ги истражуваа деновиве. Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ од Охрид  ги истражуваа и ги документираа бродовите од Првата светска војна. 

Се претпоставува дека биле намерно потопени. Бројот на бродовите не е точно утврден и досега не се доволно документирани. Тоа остава простор за понатамошно истражување. Познати се многу информации поврзани со овие бродови, како нивниот произведувач и тоа дека биле користени за транспортирање на голем товар – велат од „Акватек“.

Бродовите се наоѓаат на крајбрежјето на Струга и се на длабочина помеѓу 6 и 7 метри, на оддалеченост од околу 1 километар од крајбрежјето. Екипата на „Акватек“ заедно со подводниот археолог Никола Паскали ќе продолжи со истражување, документирање и промовирање на овој локалитет.

фото: акватек 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »