речник контакт

Потопен јапонскиот брод на духови

Американската крајбрежна стража го потопи бродот на духови, кој после разорниот земјотрес и цунамито во Јапонија на 11 март лани бесцелно пливаше по Тихиот океан

Петар Печков

Долгото патување на рибарскиот брод  ,,Рјон Ун-маи,,  долг 65 метри  заврши  кога на него беше отворен оган од повеќе топови од брод на американската крајбрежна стража. Бродот се запали и потона на на длабочина од 305 метри во Заливот Аљаска на 240 км далеку од брегот.

 Одлуката за потопување е донесена за тој да не се насука  или не ги загрози другите бродови кои пловат помеѓу Северна Америка и Азија.  Бродот на кој немало трага од луѓе, е еден од бројните остатоци кои после цунамито во Јапонија, бесцелно пловат по Тихиот океан.

Приметен е кај западниот брег на Канада на 25 март и се сомневало дека  тој има големо количество гориво-нафта. Бродот се наоѓал вкотвен кај островот Хокаидо, кога земјотресот со јачина од 9 степени во март лани ја погоди Јапонија а потоа тргна и цунамито. Тоа создало најмалку 25 милиони тони отпад и олупини од бродови. Од тоа помеѓу 4 до 8 милиони тони метал заврши на дното од океанот а два милиони се уште пливаат по водата.

Меѓу нив беше и јапонсакиот рибарски брод. Американските здравствени и еколошки власти тврдат дека нема причини за грижа дека бродот е радиоактивен. Земјотресот и цунамито доведоа до дефект на нуклеарката во Фукушима, најголема нуклеарна криза во светот по таа од Чернобил во 1986-тат година.

 преземено од Радио слободна Европа

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »