речник контакт

Потпишан Кодекс за фер и демократски избори

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Велес ставија потпис на овој документ

Петар Печков

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Велес денес напладне го потпишаа документот за фер и демократски избори.     

Гоце Чушков од Народната партија за Македонија, Славчо Чадиев од  коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Аце Коцевски од коалиција предводена од СДСМ  ставија потпис на овој документ .

Со него  учесниците во локалните избори се обврзаа    дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат   принципите на слободни и фер избори. 

Со  овој чин кандидати јасно ставија до  знаење дека ќе го почитуваат избирачкото  право кое е еднакво, општо и непосредно и се  остварува на слободни избори со тајно гласање. Со потпишувањето на Кодексот, заедно ќе придонесеме за спроведување на фер и демократски    избори  според највисоки  меѓународни стандарди  - рече Лили Велковска претседател на Општинска Изборна комисија.

На чинот на потпишувањето присуствуваа и двајцата претставници на ОБСЕ (еден Американец еден Ирец)   кои ќе ги следат  изборите во  Велес и соседните општини. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »