речник контакт

Потпишан меморандум за соработка меѓу Велес и Асколи - Италија

Можност за соработка со град од земја членка на ЕУ

Петар Печков

Меморандумот претставува почетен акт за развој на заеднички дејности на двете општини пред се можности за инвестирање, унапредување и поддршка на стопански иницијативи согласно Планот за интернационализација на Република Македонија подготвен од АНЦЕ (Национално здружение на градежни работници) на Асколи Пичено во Република Македонија.

На овој свечен чин организиран на највисоко ниво присуствувале амбасадорите на Република Македонија и Ватикан во Италија и поранешниот амбасадор на Република Италија во Република Македонија, како и дваесетина претставници на регионалната стопанска комора на  Италија.

Соработката со градот Асколи, центар на провинцијата Пичено во Италија  е на покана на градоначалникот Гвидо Кастели. Врските на Асколи Пичено и Македонија датираат од поодамна и се воспоставени преку Националната организација за градежништво на Република Италија и стродната институција во Македонија.

При посетата на Македонија во ноември 2010 година, претставниците на Асколи Пичено ги фасцинирала архитектурата и местоположбата на Велес, што многу потсетувало на нивниот град, сличниот број на жители и сличното индустриско минато. Резултат на нивната иницијатива за отпочнување соработка со Општина Велес е Меморандумот за соработка што на 27 јули 2011година  го потпишаа Градоначалникот Петров и Градоначалникот  Кастели

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »