речник контакт

Потребен е Центар за рано откривање на церебралната парализа кај децата

3-ти декмеври Свеетски ден на лицата со хендикеп

Петар Печков

 Велешкото основно училиште  за деца со посебни потреби Маца Овчарова на денот на лицата со хендикеп, 3-ти декември  доби две донации.   Германската амбасада подари Дигитален логопедски сет за децата со пречки во говорот а  за деца од аутизам  Инервил органзиацијата  подари  светлечка лед завеса. За возврат децата од оваа образовна институција одржаа изложба на ликовни и керамички дела, кои ги изработија изминатата година.

  И додека повеќето надлежни институции се сеќаваат на овој ден за децата со посебни потреби, невалидните бараат рано дијагностицирање на здравствените проблеми.

За жал имаме бројни случаи на деца со пречки во развојот, со церебрална парализа во Македонија. Затоа е потребно да се формира  Центар  каде веднаш по раѓањето ќе биде познати дали детето има церебрална парализа и веднаш потоа брзо да се  почне со негова  рехабилитација. Сите како граѓани и држава треба да им  помогнеме на овие семејства, бидејќи тоа е неопходно и итно. Да не бидат оставени сами на себе    -  порача Далиборка Златева од Здружението на лица заболени  од церебрална парализа.

Тие одржаа хуманитарен концерт а собраните средства ги наменија за десетгодишиниот Стојанче Димовски, кој замина за Кина каде  се лекува и очекува дека ќе може сам да се движи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »