речник контакт

Потребни се нови алатки за промоција и привлекување на туристите во Македонија

Македонија како држава мора да се прилагоди, да го следи пазарот и новото време. Понудата опфаќа и посета на винарии

Петар Печков

Трендовите на туристичкиот пазар покажуваат дека се потребно нови алатки за промоција на Македонија во регионот. Тоа се алатки кои се засноваат на дигитализацијата, на новото време кое го живееме.  Токму на оваа тема работеле од „ИМЕ“ програмата, кои создале нови алатки. Меѓу нив и дигитални каталози, кои овозможуваат посетителот  веднаш да ја види понудата за дестинацијата.

„Трендовите на глобалниот пазар покажуваат дека се потребни нови алатки  за промоција на државата, туризмот. Тие се засноваат на дигитализација на процесите. Работевме на тоа и произведовме интерактивни видеа,  со што туристот ќе знае за каква дестинација станува збор, работевме на VR виртуелна реалност  видеа, да почувствувате тоа што ве очекува на дадената дестинација. Сега глобалните трендови се поврзани со искуства. Што повеќе искуства, толку подобро ја продавате дестинацијата.  Креиравме и дигитални каталози, кои овозможуваат веднаш да ја видите понудата на дестинацијата“ - кажа Зоран Тодоровски,  Експерт за активен туризам.

Оваа новина е согласно со времето во кое живееме.  Пазарот е променет, има нови купувачи, нови генерации кои се повеќе и повеќе ги користат социјалните мрежи, како начин за пристап до туристичките локации. Македонија како држава мора да се прилагоди, да го следи пазарот и новото време.  Понудата опфаќа и посета на винарии.
„Со отворањето на бројни семејни винарии, туризмот бележи раст. Целна група на туристи од вардарскиот регион се туристите од Србија, Романија, Унгарија, Словенија, Хрватска. Најчесто остануваат една вечер, продолжуваат за  Грција, па на враќање   дегустираат вино, го купуваат и заминуваат“  рече Гоце Попов, директор на Здружението на мали семејни винарии.   

Последните две години овој бизнис е се, со поголем обем. Отворени се 200 нови мали семејни винарии. Се градат сместувачки капацитети, сали за дегустации, се бележи раст. Но гостите остануваат кратко еден ден, на патување од или за Грција.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »