речник контакт

Потресот во Јапонија го намали денот, поместена оската на ротација на Земјата

Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека силниот земјотрес кој вчера ја погоди Јапонија, го скусил траењето на денот за 1,6 микросекунда, додека италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија наведе дека оската на ротација на Земјата е поместена за 10 сантиметри.

Петар Печков

Геофизичарот на НАСА Ричард Грос пресмета дека потресот, со интензитет од 8,9 степени според Рихтеровата скала, го забрзал вртењето на планетата Земја за 1,6 микросекунда.

Таа промена на брзината на ротацијата на Земјата малку е поголема од онаа која минатата година ја предизвика земјотресот во Чиле.

Најголема промена на брзината на вртењето на Земјата предизвика земјотресот на Суматра во 2004 година, кој го скуси денот за 6,9 микросекунди.

Вчерашниот потрес во Јапонија е петти по јачина во светот од 1900 година.

Научникот во Американскиот геолошки институт (УСГС) Брајан Етвотер рече дека енергијата ослободена во тој земјотрес е еквивалентна на месечната потрошувачка на енергија во САД.

Кен Хаднат, исто така од УСГС рече дека силината на земјотресот била толкава што го поместила јапонскиот остров Хоншу за 2,4 метри кон исток, додека италијанскиот Институ за геофизика вулканологија наведе дека оската на ротација на Земјата е поместена за речиси десет сантиметри.

За илустрација земјотресот во Скопје 1962-та бил со јачина од 6,2 степени по Рихтер а најсилниот на теренот на Македонија е тој од 1904-тата во Пехчево кога се измерени 7,1 степени по Рихтер или тогашни 10 степени по Меркалиј, што се смета за најсилниот кој го погодил досега Балканот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »