речник контакт

Потрошувачите реагираат, мина половина месец уште немаат евтина дневна тарифа, од ЕВН објаснуваат се воведува по истиот редослед како што е укината

Електродистрибуција поседува 170.000 далечински броила и 630.000 обични дигитални броила за кои е потребно време физички и со присуство на лице место да се сетираат

Петар Печков

Иако поминаа 13 дена од месец, одделни домаќинства се уште немаат добиено дневна евтина струја. Тие реагираат на ваквата состојба, и го прозиваат ЕВН за бавното спроведување на мерката нa Владата за воведување  на евтината тарифа.

„Кога ја укина веднаш се читаа броилата, сега им требаат денови за да ја вратат дневната тарифа. И како секогаш на сметка на потрошувачите. Без малку половина месец помина а уште немаме дневна евтина тарифа“ - велат луто граѓаните.

Од ЕВН ги отфрлаат реакциите за бавното воведување на евтината дневна тарифа. Објаснуваат дека  воведувањето се прави по истиот редослед како и укинувањето и ниту  еден корисник нема да биде оштетен.

„Корисниците на кои први им се укинала евтината тарифа, сега први добиваат евтина тарифа. Неделата на сетирање  на корисникот е усогласена со периодот на отчитување. Ако е корисникот во прва недела на отчитување, во првата недела од месецот му било сетирано броилото. Ако е во втора група, сетирањето е во втората недела од месецот итн. Електродистрибуција поседува 170.000 далечински броила и 630.000 обични дигитални броила за кои е потребно време физички и со присуство на лице место да се сетираат. До сега се сетирани околу 350.000 броила, а останатите до крајот на месецот“ - соопштија од ЕВН.

Додаваат дека сите нивни мобилни екипи кои се обучени, работат на сетирање на броилата паралелно со отчитување на потрошувачката.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »