речник контакт

Почина Јованка Броз, последниот симбол на Титова Југославија

Стапија во брак, таа на 28 тој на 60 години. Сакаше ли Јованка да биде Балканската Евита Перон? Тајната остана во неа, оти и покрај се никогаш не прозборе јавно за животот со Тито

Петар Печков

 Пред да биде донесена во болница, од страна на нејзини роднини таа одбивала да биде лекувана. Поради што здравствената состојба била очајна со рани по телото и сепса на крвта. Умре во 89-тата гдоина од животот.  Таа беше сопруга на поранешниот претседател ан СФРЈ Јосип Борз Тито.

 Јованка Броз е родена  1924-тата во  Лика како Јованка Будисављевиќ. Во 1952-та година се омажила за Јосип Броз Тито  и  беше негов животен партнер се до смртта 1980-та година.  Таа имала  30 а тој  60 години.  По смртта на Тито, Јованка Броз  живееше повлечено и прилично скромно во белградската населба Дедиње. 

По смртта нa Тито нејзиниот имот е национализиран а таа живееше во куќен притвор.  Ретко ја имаше во јавноста. 33 години Јованка живееше во  изолација  и осамена но и покрај тоа  последните часови од нејзиниот живот предизвикаа голем интерес на сите медиуми од  некогашна Југославија но и на постарата  популација од овие простори.   

Умре тивко, како што и живееше, никогаш не ја кажа нејзината верзија на животот покрај Тито. Таа беше една од последните симболи на државата која не постои повеќе.  Но по смртта  ќе започнат прикаските за нејзината моќ и живот со доживотниот претседател на Југославија Тито.

Еве линк од документарец за нејзиниот живот, кој иако трае еден час  интересно е да го погледате 

http://www.youtube.com/watch?v=3DQvSbrIfog#t=70

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »