речник контакт

Почина Илија Васков

Тој е основоположникот на современата максилофацијална хирургија во Македонија. Го доби признанието Гемиџии во 2008-та и се откажа од илјада евра за семејство кое згрижува деца без родители

Петар Печков

 Васков е роден велешанец, добитник на највисокото општинско признание ,,Гемиџии,, во 2008-та година. При добивањето паричната награда од илјада евра се откажа од неа,  отстапувајќи му ја на добитникот на 9-то ноемвриско признание, семејство кое згрижува  родители без деца. Неговиот гест беше голем и човечки.

 Има луѓе на кои овие пари им се повеќе потребни отколку мене -рече Васков, Присутните со овации го одброија овој момент.  Добитник е и на наградата Св. Климент за научни достигнувања во 2007-та.   

 Погребните останки на ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел од 12:30 часот, а погребот ќе се изврши во 13:30 часот.Академик Васков е роден во Велес во 1934 година. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Белград во 1959 година, како еден од најдобрите студенти на генерацијата, а подоцна, во 1968 година дипломирал и на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализирал во Скопје, Љубљана, Берлин и Цирих.

Во 1972 година хабилитирал на тема „Терапија на долновиличните фрактури“, а докторирал во 1981 година со дисертацијата „Компресивна остеосинтеза во терапијата на долновиличните фрактури“ во Скопје. Од 1982 година е редовен професор.Академик Васков бил директор на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет и на Клиниката за максилофацијална хирургија.

Од 1976 до 1979 година е еден од тројцата членови на работоводниот орган на Универзитетскиот центар за медицински науки, а потоа, од 1979 до 1985 година и негов директор.Учествувал во повеќе научно-истражувачки проекти. Публикувал повеќе од 120 трудови и повеќе учебници. За редовен член на МАНУ е избран на 10 мај 2000 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »