речник контакт

Почина Никола Зафиров

Еден од најдобрите одбојкари на Велес, кој играше во 60-тите и 70-тите години од минатиот век

Петар Печков

Никола Зафиров роден 1942 година, потекнува од спортска фамилија во која сите се занимавале со одбојка,  братот Перо, внуките  Елвира една од најдобрите  одбојкарки во Македонија, Весна. Синот на Никола, Ѓоре беше одбојкар па потоа одбојкарски судија.

Никола беше 14 години активен одбојкар до 1977 година кога се повлече поради повреда. Настапуваше на квалификации за влегување во Прва лига во 1965 во Сараево, 1967 во Суботица и 1971 во Загреб. Беше носител на играта со моменти на брзи топки (алми, пенали) по што беше препознатлив. Беше и тренер на младите селекции и член на Управата. Со еден збор континуирано присутен во ОК Работнички, па ОК Пелагонија па ОК Борец па ЖОК Борец.

Коле работеше во Колска, па и учествуваше на Железнички спортски игри на Југославија и во  1973 година е прогласен за најдобар играч на спортските игри.

По кратко боледување замина еден од најдобрите одбојкари на Велес и како што одликува го испратија бројни спортисти и одбојкари од сите генерации. Нека му е слава на ЧИЧА од неговите колеги и спортски работници на Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »