речник контакт

Почина Шабан Бајрамовиќ

Ромскиот пејач Шабан Бајрамовиќ (72), Кралот на светскта циганска музика, почина во Ниш од срцев удар, соопштија од кардиолошката клиника на Клиничкиот центар во Ниш.

Петар Печков

Ромскиот пејач Шабан Бајрамовиќ (72), Кралот на светскта циганска музика, почина во Ниш од срцев удар, соопштија од кардиолошката клиника на Клиничкиот центар во Ниш. Тој, инаку сметан за еден од најславните и најпопуларни ромски пејачи, е роден на 16. април 1936 година во Ниш. Со музика започнал да се бави на Голи оток каде издржувал казна поради бегство од ЈНА.Првата плоча ја снимил во 1964 година. Снимил околу 20 албуми и 50-тина синглови, а напишал и искомпонирал околу 700 песни. Беше во брак со сопругата Милица, со која што има четири ќерки.Како глумец се појави и во македонскиот филм „Џипси Меџик“ на Столе Попов, но и во ,,Црна мачка, бел мачор,, на Емир Кустурица и во „Ангел чувар“ на Горан Паскаљевиќ.

„Живеам жалосно по 40 години пеачка кариера, ниту еден не ја отвора мојата капија, ниту телефонски прашува како живеам и дали можам да живеам. Се мачам...“, изјави неодамна Бајрамовиќ за  српските новинари

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »