речник контакт

Почина академскиот сликар Ангел Петров

Добитник е на највисоката општинска награда за животно дело ”ГЕМИЏИИ “во 2004-та година

Петар Печков

Во 87-та година од животот почина академскиот сликар и ликовен педагог Ангел Петров, објави семејството.

Роден е на 22 август 1933 година во Велес. Средно уметничко училиште завршува во Скопје кај Лазар Личеновски. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1962 година, каде студирал во класата на професорот Винко Грдан. Петров беше член на ДЛУМ од 1967 година. 

Учествувал на над 200 групни изложби, а има реализирано 58 самостојни изложби во земјата и 11 во странство. 

Еден дел од животот, од 1963-та работеше како педагог по ликовна уметност во велешките училишта и едуцираше илјадници ученици, се до пензионирањето 1993-та година.

Добитник е на највисоката општинска награда  за животно дело ”ГЕМИЏИИ “во 2004-та  година.

Семејството соопшти дека посмртните останки ќе бидат изложени во црквата Св. Пантелејмон на 6-ти јули, понеделник од 11-12ч.. Слава му.

Почивај во мир професоре!!!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »