речник контакт

Почина д-р Милчо Трајков

Остави длабока трага во животите на многу наши сограѓани и пошироко, кога помогнал како доктор интернист и хуманист

Петар Печков

По кратко боледување денеска во 66-тата година од животот  почина доктор Милчо Трајков, Претседателот на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, поранешен Претседател на Црвен крст на РМ.  Тој беше човек со големо срце кој остави длабока трага во животите на многу наши сограѓани и пошироко, кога помогнал како доктор интернист и хуманист.   

Во негово сеќавање утре во 11:30 часот во Големата сала на Општина Велес ќе се одржи комеморативна седница. Погребот ќе биде во 13:00 на гробиштата во црквата Свети Пантелејмон. Негово последно појавување во јавноста беше на 15 март на републичката свеченост кога го доби признанието дека велешките крводарители се најхумани во земјава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »