речник контакт

Почина жена позитивна на ковид-19 од Горно Јаболчиште

Таа е 14-та жртва на корона вирусот од велешко

Петар Печков

Ковид-19 ја зема 14-тата жртва од велешко. Денес на Клиниката за Инфективни болести во Скопје починала 35 годишна жителка на Горно Јаболчиште каде била мажена и живеела, родум од Бузалково, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.  

Таа била згрижена во Инфективното одделение од велешка Болница во саботата и за кратко време, поради лошата здравствената состојба, била итно  пренесена во Скопје. Резултатот дека е позитивна на корона вирусот, стигнал откако починала а примерок брис и бил земен додека била на Клиника, но состојбата бргу  се влошувала и завршила со нејзина смрт.  

Пациентка од Свети Николе која беше хоспитализирана на Инфективно одделение од велешка Болница а итно пренесена на Инфективна клиника во Скопје, во четвртокот попладне, за што информираше и градоначалникот Коцевски на петочниот прес, во саботата починала на клиника во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »