речник контакт

Почина маж на 54 годишна возраст, позитивен на ковид-19, денес нови 22 случаи

Со бројот на ново заразени, порасна и броката на згрижени пациенти Инфективно одделение

Петар Печков

Како и во петокот,пред неколку дена, така и денес во Велес и велешко има 22 нови случаи на лиза позитивни на ковид-19. Ова е највисоката бројка во четвртиот бран на ковид заразата. Ова се податоците од здравствениот билтен на Институтот за јавно здравје. Во овој период има едно лице оздравено.

Бројот на активни случаи со корона вирусот во велешко изнесува 147 лица. Со бројот на ново заразени, порасна и броката на згрижени пациенти во ковид центарот на велешка Болница - Инфективно одделение.

„Вкупно се хоспитализирани 31, од кои 27 се потврдени позитивни и четворица сомнителни.  На кислородна поддршка се 10 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. Утрово, починат е пациент на 54 годишна возраст од Велес, лекуван на Инфективно одделение 12 дена, позитивен на ковид-19“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.
 
Починатиот е 178 лице во велешко, поради последиците на ковид заразата, трет во четвртиот бран на ковид заразата.
 
Капацитетот на Инфективнотo одделение е 54 кревети.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »