речник контакт

Почина професорот Мецанов

Во 92-та година од животот почина Јордан Мецановски -Мецанот

Петар Печков

Како професор по историја во велешката гимназија  Јордан Мецановски Мецанот  образуваше илјадници ученици. Остави неизбришлива трага  во живото на велешани со неговата работа. Тој почина на 27 април. 

Дел од неговиот живот го мина и на Голи Оток,  и  се додека го служеше здравјето ги раскажуваше неговите преживувања таму. Тој  се до кога имаше добро здравје доаѓаше на 13 јули на споменикот на Панко Брашнар и откако сите ќе заминеа му се поклонуваше на неговиот сограѓани со кого ги минеле последните денови на островот. Останаа забележани неговите зборови кои ги пренесуваше на генерации, од животот на Голи Оток, а кој беа последните на Панко Брашнар.

Го прашав како е, а тој ми одговори „ Не ме бидува, ме тепаа, ова не биле луѓе, ами ѕверови – велеше Мецанов. Ако не беше тој немаше  да се знае денес за животот на затворениците на Голи оток.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »