речник контакт

Почина работникот кој беше повреден во велешка Порцеланка

Тој е трет велешанец кој загина во извршување на градежни работи за три месеци

Петар Печков

Градежниот работник Ангел Стаменов ( 42 год)   од Велес почина откако седум ден беше во кома  по повредата здобиена  додека работел на градежна активност во Порцеланка. Нему му паднал врз главата  камен тежок десетина килограм . 

Стаменов  работел на демонтажа на млин, при што биле вадени камените блокови, тешки десетина килограми. При една ваков зафат, каменот паднал врз главата на работникот и тешко го повредил. Со помош на колегите веднаш бил пренесен во велешката Болница, при што биле констатирани фрактури на черепот. Бил пренесен на Клинички во Скопје, каде вчера починал. 

Ова е трет смртен случај на велешанец кој се случи изминатите три  месеци, сите починати беа градежници. Во јули загина Злате Крстев ( 36 год)  додека работел на бродоградилиште во Бијела Црна Гора а во август почина Драган  Наковски ( 24 год) откако  падна во отвор за лифт  на објект во  изградба во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »