Петар Печков
Објавено: четврток, 18 октомври 2012
на 90 годишна возтаст почина Љубе Манушев фотограф на Велес. Тој беше еден од хроничарите на градот и незаменлив мајстор на портретот. Зад себе остави илјадници фотографии на кои со фото камерата ги овековечи ликовите на многу значајни настани и велешани. Тој е син на прочуениот фотограф Дамаскин кој го донел фотоапаратот во Велес.
Ќе остане запаметен по фотографиите на кои се насликани велешките маала, тесните улички како и централната градска улица со дуќаните на занаетчиите, потоа плоштадите во градот и секако граѓаните. На Манушев му се восхитуваат архитектите бидејќи со објективот на фото камерата ги забележа најавтентичните бисери на староградската велешка куќа, кои некогаш постоеле на брегот на Вардар, во центарот на Велес.
Веднаш штом се пензионирал Манушев, на градскиот Архив, му ја предал својата архива од фотографии.
Tweet |