Петар Печков
Објавено: среда, 09 декември 2020
Нови четворица починати пациенти од Велес, позитивни на ковид-19, регистрирани се изминатите 24 часа, информираа од велешката Болница. Вчера беа починати две лица, или за два дена, шестмина велешани починале по последиците од корона вирусот.
Вчера околу 18 ч. починат е маж на 68 години примен пред три дена, после полноќ двајца мажи еден на 59 години и еден на 68 примени пред два дена и утринава маж на 66 години примен пред три дена - соопшти д-р- Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Бројката на починати лица од велешко, позитивни на ковид-19 заклучно до денес, 9-ти декември, изнесува 77 пациенти.
Tweet |