речник контакт

Починаа две пациентки од последиците на ковид-19, нови 17 случаи во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 23 пациенти, тројца помалку од вчера

Петар Печков

Две велешанки починаа од последиците а ковид заразата, хоспитализирани во велешка Болница едната е на 85 години а втората на 86 и двете, како што информираа од оваа здравствена установа, биле со коморбидитети. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко е 312 лица.


Изминатите 24 часа во велешко има  17 нови случаи  на лица со корона вирусот   а   оздравени се 14 пациенти, соопштија од Министерството за здравство.    Бројот на активни случаи во велешко  падна на  207 лица.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 23 пациенти, тројца  помалку од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  19, на  Интерно  четворица.. Испишани се тројца    пациенти со  еден негативен тест, ново примени се двајца пациенти.  

„Потврдено позитивни се 16, непотврден  се двајца   и негативни се петмина   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 11 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »