речник контакт

Починало бебе старо 20 дена

Бебе старо 20-тина дена починало во домот на семејството Стојановски од Велес, во петокот наутро.

Петар Печков

Машко бебе било донесено мртво во велешката болница  во 6,10  часот по што била информирана полицијата. Истото било   родено на 30  октомври  годинава,  од мајката Милена Стојановска ( 37 год).

По барање на обвинителството извршена е обдукција, немало знаци на насилство,  првични информации се дека бебето починало поради неухранетост. Тоа е трето дете на Милена, која се води како лице со посебни потреби  а живеат во лоши социјални услови, без примања. Досега на Милена и умреле три бебиња. 

Во март месец годинава почина бебе од Горно Јаболичиште, старо три дена. Истрагата уште не ја открила причината на смртта на бебето на 15 годишната  С.З.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »