речник контакт

Починат и тешко повредени во сообраќајка кај Каратманово

Едно од повредените лица поради тежината на повредите е итно префрлено на КАРИЛ во Скопје

Петар Печков

Едно лице загина, а две други се тешко повредени во сообраќајна несреќа, што вчера доцна попладне, сабота, се случила  на магистралниот пат Велес – Штип,  кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, општина Лозово.

„Несреќата се случила околу 18.10 часот, меѓу две возила, „сузуки“ со светиниколски регистерски таблички, управувано од В.П. (66 год) во која била и неговата сопруга Б.П. (61 год) и „бмв“ со радовишки регистерски таблички управувано од А.А. (29 год) од село Супуpге Радовиш“ – соопштија од МВР.

Прва помош на повредените има дале лекарите од итната помош од Велес и Свети Николе. Со амбулантни возила на итната помош од од овие две служби, повредените биле пренесни на хирургија од велешка болница.

„На хируршките амбуланти донесени се три лица, кои биле повредени во сообраќајна несреќа. И покрај укажаната здравствена нега и реанимација, маж на 66 годишна возраст починал. Жена на 61 годишна возраст со тешки повреди политраума,  констатирани на компјутерска томографија,  поради тежината на повредите е препратена на скопските клиники.Третиот повреден лице на 29 годишна возраст, има повреди на глава, исто такаа констатирани на компјутерска томографија, задржан е на лекување и опсервација во велешка болница“ – кажа Марина Андова портпарол на Општа Болница Велес.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител .  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »