речник контакт

Починат пациент и нови девет позитивни случаи на лица со ковид-19

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 27 пациент, еден помалку од вчера.

Петар Печков

Во велешко изминатите 24 часа по  регистрирано по девет   нови случаи на лица заразени со ковид-19 и исто толку  оздравени, објавија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи е 167 лица.

На Инфективното одделение  од велешка Болница изминатите 24 часа,  има починато две  лица,  двајцата мажи на 71 годишна возраст. Едниот пациент е од Велес а вториот од  Св. Николе.  Починатиот од Велес 17-ти во овој месец,  е 276-ти  смртен случај во велешко, од последиците на корона вирусот.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 27  пациент,  еден  помалку од    вчера.  Од нив 17 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, непотврден се двајца  а   негативни се осуммина, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Изминатите 24 часа примено се  и испишано како оздравени   по  четири  лица. На  континуирана кислородна поддршка се 15пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 20 а на Интерно седум пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »