речник контакт

Почината пациентка на 30 годишна возраст, 27 нови случаи на ковид-19

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 36 пациенти, еден повеќе од вчера. Во Велес има 32 случаи на сеозонски грип

Петар Печков

Почина пациентка на 30 годишна возраст од Велес, која билa на лекување во Болница во Скопје, позитивна на ковид-19, информираа од Министерството за здравство.  Тaа е 284-та жртва на последиците од корoна вирусот во велешко.

Од Министерството за здравство соопштуваат дека жената е примена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојбаи била  во петиот месец од бременоста.

Девет дена од почетокот на  лекувањето, состојбата ѝ се влошила. И покрај дадената терапија, младата жена развила многу тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација.

Пациентката потоа била префрлена на Клиниката за анестезија и реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде понатаму е лекувана. Но, и покрај дадената терапија, состојбата постојано се влошувала и пациентката вчера починала.

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 27 нови случаи на лица позитивни на ковид-19  а оздравени се 20. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 350  лица со ковид-19.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 36  пациенти, еден повеќе  од вчера. Ново примени  се тројца пациенти, нема испишани како оздравени.

„Од згрижените пациенти,  27  се позитивни, непотврдени се  петмина   и  четворица   се негативни. На кислородна поддршка се 17  пациенти. Транспортиран е пациент, маж на 61 годишна возраст во приватна болница во Скопје“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 31 а на Интерно одделение пет пациенти.

Институтот за Јавно здравје соопшти дека до 16-ти јануари во Велес има регистирано 32 случаи на сезонски грип.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »