речник контакт

Починати двајца пациенти од Мелница, позитивни на корона вирусот

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 72 нови случаи на лица позитивни на ковид-19. Во Болница згрижени се 50 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 72 нови случаи на лица позитивни на ковид-19  а оздравени се 41. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 392  случаи со ковид-19. 

Во велешка Болница починаа двајца пациенти  жители на село Мелница. Со ова бројот на починати во велешко од последиците на корона вирусот достигна до 288 лица.

„Жена на 86 години почната е три часа по приемот и маж на 63 годишна возраст, починат шест часа по приемот“- изјави д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 50 пациенти, пет повеќе  од вчера. Ново примени  се 11 пациенти а еден  е  префрлен од Интерно одделение,

„Од згрижените пациенти,  38  се позитивни, непотврдени се  шестмина,   негативни се петмина. На кислородна поддршка се 22  пациенти. Едне пациентка на 57 години е префрлена на ковид центарот од  Институтот за белодробни болести“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделение згрижени се 46 а капацитетот е 54 кревети а на Интерно одделение се четворица  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »