речник контакт

Починатите во капела 24 часа, најмалку

Велешани затечени од новината дека починатите мора да ги чуваат во капела, во спротивно казна

Петар Печков

Согласно Законот загробишта и гробни места од 2008-та, од почетокот на месецов, сите починати се чуваат во капела 24 часа од констатирањето на смртта. Погребот се врши по  истекот на  24-те часа, откако покојниот ќе биде згрижен во капела. Оваа одредба нема да се почитува единствено во време на елементарни непогоди, масовни смртни случаи, масовни погреби, тероризам, војна и зеднички погреб. Доколку оваа законска обврска не се почитува оепраторот на погребалнтие услуги го очекува парична казна од 1,5 до 3 илјади евра. Истата ја изрекува комуналниот инспектор од општината или санитарен државен инспектор.
 
Ова е новонастаната состојба која ги затекна и изненади велешани. Повеќето од нив не знаат дека повеќе нема чување на починатиот дома и тој мора да се носи во капела, каде ќе биде следните 24 часа. Граѓаните во еден дел оваа обврска ја почитуваат и одоборуваат, но во друг дел реагираат. Добро е што повеќе нема да има стресни моменти за домашните, соседите, децата од фамилијата и комшилукот, и да го гледаат и чуваат  починатиот дома.  Посебно во летните жешки денови.

Лошата вест е економскиот момент, што се случува со лицата кои ќе починат после 13 часот и за кои ќе треба нови додатни 15 часа, до моментот на погребот, бидјеќчи нема можнсот за погребе следнито ден попладне. ова пак значи да бидат додатно чувани во капела, за што ќе се плаќа нова давачка. Таму пак еден час чини 50 денари и есапот е јасен 24 часа минимум е 1200 денари, додека 40 часа се 2000 илјади денари.

За ова новост не сме информирани, а гледаме на плакатите дека некој починал денес а погребо, е по два дена, што не чудеше.  Што ќе се случува со лицата кои  ќе починат попладне, бидејќи не е во ред да се чуваат два дена. Треба да се прави отстапка и тие да се погребуваат следниот ден - велат велешани а шеговитите во целата ситуација барат Владата преку кампања да објасни и за новините од постапката на погребот.

 Новина е од почетокот н годинава, што погребните услуги ги вршат два оператори  ,,Мирен сон,, и Вечен дом,, а не ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »