речник контакт

Почит за Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов (1868- 1941) е филолог, македонски револуционер, книжевник, основоположник на Македонската Револуционерна Организација , поборник за македонската самостојност, за македонска црква, образование, литературен јазик и правопис,

Петар Печков

 Седумдесет годишнината од смртта на Петар Поп Арсов се одбележа во неговата родна Богомила, со положување на цвеќе пред неговата спомен куќа. Петар Поп Арсов ( 1868- 1941)  е филолог, македонски револуционер, книжевник, основоположник на Македонската Револуционерна Организација , поборник за македонската самостојност, за македонска црква, образование, литературен јазик и правопис, кој целиот негов живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Меѓу бројните присутни гости во Богомила беше и правнукот на Петар, Радомир.

Делото на дедо Петар е за голема почит, бидејќи после 500 години ропство, да се одлучиш да го будиш македонскиот народ за национално ослободување, е практично сам да  си ја туриш јамката на вратот. Затоа  тие револуционери ги споредувам со Гемиџиите, кои сите заедно смртта ја гледале право во очи. Тој, како и повеќето револуционери не формирал семејство, туку се посветил на борбата за македонската кауза –  вели Радомир Поп Арсов, правнук на Петар Поп Арсов, по линија на неговиот брат Андреја, кој загинува во Првата Светска војна.

Во спомен куќата која е отворена на 11 октомври 1986-татa година, има повеќе документи и фотографии од животот и делото на петар Поп Арсов.

Ако во минатото не се посветувало доволно внимание на овие личности од  Илинденскиот период , пред  и по него, по осамостојувањето на Македонија,науката стави акцент на овие личности.  Петар Поп Арсов е автор на првиот устав на ВМРО, со што организацијата ги добива своите темели. Тој како учител и интелектуалец, целиот свој живот го посветува за организацијата, постојано е на терен. По разделбата на организацијата на леви и десни, не пристапува ни кон едните ни кон другите, а се посветува на Македонија -  вели  Слободан Ников раководител на Државниот Архив подрачно одделение Велес.

Петар Поп Арсов, заедно со Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Андон Димитров и Христо Батанџиев  на 23 октомври 1893 во Солун  ја основат Македонската Револуционерна Организација.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »