Петар Печков
Објавено: вторник, 25 февруари 2025
Делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес,во петокот на 21 февруари го посети местото Ротимља, во близина на Мостар БиХ, каде што загина во авионска несреќа претседателот Борис Трајковски и неговата државна делегација, во која беше и велешанката Анита Кришан Лозановски.
„На местото каде што беше авионската несреќа, а сега меморијален центар делегацијата на велешките извидници положи свежо цевеќе и оддаде почит на Претседателкот Борис Трајковски кои беше еден од големите поддржувачи на извидничката организација во Република Македонија“ – кажа Ангелче Гушев старешина на одредот Димитар Влахов.
Tweet |