речник контакт

Почна жетвата на пченицата а не се знае откупната цена

Годинава имало добар принос, ама откуп немало

Петар Печков

Марјан и Зорица Коцеви  се млад брачен пар од селото Мустафино. Се решиле да останат на родното огниште и да бидат земјоделци. Но се судруваат со проблеми кои им ја отежнуваат егзистенцијата.

„Жетвата на јачменот заврши во тек е на пченицата и состојбата е алармантна. Годинава има добар принос, ама откуп нема. Нема цена за пченицата, да знаеш колку е толку е. Уште има јачмен што не е откупен а во тек е жетвата на пченицата.  Цената од јачменот е 9 дена за кг и поради добриот род, принос,  ќе ги покрие вложувањата, трошоците. Пробав пченицата да ја жнеам, ама кога нема откуп ја оставив“- вели Марјан.   

Тој има околу 40 хектари јачмен и пченица. Приносот од јачменот бил 5,3 тони од хектар. Разочаран е од состојбата во земјоделието.

 „Многу вложив а ништо нема да спечалам. Добро ќе биде ако ги покријам трошоците. Пет години поднесувам апликација за трактор, како млад земјоделец, преку програма за рурален развој  и ме одбиваат.  Потребна е механизација, оваа што ја имам е стара, комбајн, трактор“ -додава Коцев.

Поголем дел од земјата која ја има е под концесија, помал дел е негова сопственост. Со истот проблем, се судруваат земјоделците од Овче Поле и велешко.

Kaко поддршка за  одгледувачите на пченицата, Владата донела одлука преку дополнителни три денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »