речник контакт

Почна изградбата на фабриката на „Маркарт“ во Велес

Треба да биде готова следната пролет а да вработува 600 лица. Фабриката ќе изработува делови за автомобилската индустрија

Петар Печков

Германската компанија „Маркарт“ започна со изградба на фабриката во  близина на  Велес, во индустирскта зона Караслари. Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра, а треба да се вработат 600 лица.

Ова е прва странска инвестиција во Велес по 24 години. Изградбата треба да заврши во првиот кваратал од 2015 година, по што ќе почне производство на автомобилски делови-вели Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес.

Фабриката се гради во новоформирана Индустриска зона Караслари на 15 илјади м2, а ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили, како Мерцедес, Ауди и БМВ.

Според Мајсторов ова е историска пресвртница за Велес.
Германската групација Маркарт која е основана во 1925 година. Таа има компании во девет земји, САД, Мексико, Индија, Кина, Тунис, Германија, Швајцарија, Франција и Романија, каде што работат повеќе од 7.000 лица.

Од вкупниот број лица кои ќе се вработат во Велес, една третина ќе бидат висококвалификувани техничари и инженери, додека останатите ќе се дообучуваат.

Наидовме на висок број добро образовани и мотивирани луѓе, добра средина за нашата инвестиција, поддржана од бизнис-ориентираната Влада и тоа беше причината што се одлучиме за Македонија. Централната поставеност на земјата во ЈИЕ во голема мера ќе ја олесни доставата до нашите други фабрики и клиенти“, нагласи Шоникер Потпретседателот за финансии на Групацијата „Маркард ГмбХ“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »