речник контакт

Почна кампањата Да ја заштитиме Македонија од пожари

Едуцирање на населението како да се спречпат летните пожари

Петар Печков

Противпoжарниот сојуз во соработка со Општина Велес, Дирекцијата за заштита и спасување  и професионалната Противпожарна единица од Велес   ја почнаа кампањата со мотото „Да ја заштитиме Македонија од пожари‘‘.

Кампањата почна во дворот на велешката Гимназија „Кочо Рацин‘‘ каде на изложбен штанд беа претставени  фотографии, цртежи, поетски и други творби од активностите на Противпожаниот сојуз на Општина Велес, а спроведени  заедно со велешките основци и средношколци. Тие  на граѓаните им делеа и едукативни флаери за заштита и  делување во случај на пожари.


Претседателот на Противпожарниот сојуз на Велес Тодор Грков, како што најави во рамките на оваа кампања  „Да ја заштитиме Македонија од пожари‘‘  ќе спроведе едукација на доброволни  пожарникари, едукација на младите од основните и средните училишта. Воспоставување дежурства на доброволното противпожарно друштво за заштита на шумата кај велешкото езеро „Младост‘‘ како и учество  при пожари со нашата единица, рече Грков.

Тој најави прегледи на шумите во велешко, поставување на  предупредувачки табли за заштита од пожари  и постери за начинот на однесување на посетителите и туристите при престој во шума.

Тој информира дека се подготвуваат  и превентивни програми во станбените згради во Велес, за што веќе бил изготвен противпожарен куќен ред., кој ќе им биде поделен на станарите  на станбените згради  како превентивна едукација за заштита од пожари, а и како да се однесуваат при евентуални пожари во нивните згради

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »