речник контакт

Почна спроведувањето на проектот „Зелен пакет јуниор‘‘

Целта е едуцирање на учениците од прво до петто одделение за основните начела на одржливиот развој, заштитата на животната средина.

Петар Печков

 Еколошкото друштво „Вила Зора‘‘ и Општина Велес  почнаа со спроведување на проектот „Зелен пакет јуниор‘‘, кој до крајот на 2012 година треба да биде имплементиран во сите основни училишта во општината.

На презентацијата на првата работилница од проектот беше истакнато дека целта е едуцирање на учениците од прво до петто одделение за основните начела на одржливиот развој, заштитата на животната средина, односно екологијата.

Преку оваа едукација на наставниците им посочивме што е најважното на кое треба да ги едуцираат учениците.Исто така и кој метод да го користат при теоретскиот пристап, за да на крај се дојде до посакуваниот резултат,изјави Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора‘‘.

Велес е една од општините во кои ќе се спроведува проектот, кој е поддржан од РЕЦ – Регионалниот еколошки центар, Австриската агенција за соработка, како и од министерствата за животна средина и просторно планирање и за образование и наука.

Проектот освен теоретски ќе има и конкретни активности, а на крајот од неговата имплементација ќе се изврши ревизија и презентирање на резултатите во јавноста

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »