речник контакт

Православните ги посетија вечните почивалишта на нивните блиски -Задушница

Како ретко кога, гробиштата од двете цркви полни. Причина Задушница и убавото време

Петар Печков

Убавото време, беше причини денес велешани -православни христијани масовно да ги посетат гробните места од црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас како и гробиштата во Раштани.  Така тие  ја одбележува Задушница, помен во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »