речник контакт

Празник на единствениот дом на сите живи суштества

Учениците од ОУ Блаже Конески го одбележаа 22 април, светскиот ден на планетата Земја

Петар Печков

Со штанд поставен на влезот во Младинскиот парк, од улицата Благој Ѓорев, учениците од Основното училиште Блаже Конески ги потсетија сограѓаните дека денес 22 април е Светскиот ден на  планетата Земја. Тие зачудени, повеќето не  знаеја дека оваа сабота се oдбележува   вакoв еколошки момент.

Сакаме да ја подигнеме  свеста кај граѓаните на Велес и секој ден да се слави ден на Планетата Земја. Тоа значи да ја чуваат, пазат, да не  ја загадуваат и да се однесуваат за нешто што е нешто свето. Оти тука живееме сите ние и така  го загадуваме сопственото здравје- рече Ангела Попчева ученичка во 9-то одделение во ОУ Блаже Конески.   

На минувачите им делеа флаери, како и пораки со кои потсетуваат на секојдневните обврски за чување на еко системот.    Во училиштето се цртаа ѕидовите, паноа со еколошки пораки а се изведе и акција нa собирање на пет амбалажа и стара хартија. 

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »