речник контакт

Празник на параклисот Св.Ѓоргија

Два дена живот во храмот од каде започнало да се учи на македонскиот јазик, најстарото училиште во Македонија

Петар Печков

Од сите краишта на Велес во црквата .Св. Ѓоргија  претпладнево  се слеваше многу народ, кои дојдоа на неговиот патрон ден да запалат свеќа за здравје и го посетат овој храм кој има култно место кај велешани.

Верскиот објект тешко ќе се распознае меѓу останатите куќи на улицата Богдан Каракостев  доколку не е таблата поставена пред двесетина години, на куќата со бр.14  на која пишува  ,,Тука 1857-та година, со средства на жителите од брзоречката општина е основано првото класно трговско училиште во Македонија“.   Тоа се смета дека  е почетокот на учењето на мајчин јазик на децата во Велес но и во Македонија, и почеток на класното образование.

Токму поради тоа параклисот Св. Ѓоргија е значаен во македонската култура и историја, бидејќи  1857/58 е почеток на работа на велешката Гимназија, најстарата во земјава. Во овој храм  освен што Џинот предавал на македонски јазик, се изведувале и првите едночинки, чиј автор бил токму тој. Вратите на параклисот се отвораат два пати годишно напролет на Ѓурѓовден,  и на есен на Св. Ѓоргија.

И оваа година река од велешани се слева по тесните улици, поплочени се уште со калдрма за да дојдат и го посетат параклисот. На простор не поголем од 20 метри квадратни илјадници луѓе минуваат, но малкумина знаат дека тука некогаш било училиште. Тоа било на два ката, приземјето за машките деца а горниот за девојчињата.

Иако минал век и половина, објектот е добро сочуван, но дел од иконите се оштетени. Тие се сведоците на времето кога тука децата за прв пат започнале да учат на мајчин македонски јазик а нивните родители ја одржувале  православната вера.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »