речник контакт

Празничниот продолжен викенд со пет случаи на ковид-19, увезени од Штип

Активни случаи во велешко е 21 лица, 20 од нив се на домашно лекување, само еден е на Инфективно одделение, каде се сместени 12 потврдени случаи со корона вирус

Петар Печков


Во Велес продолжува „увозот“ на корона вирусот. За изминатиот продолжен празничен викенд, регистрирани се пет случаи, сите во саботата на први август. Има и еден оздравен.

Имаме пет позитивни лица, регистрирани во саботата. Четворица од нив се велешани кои работат во Штип, и од таму се заразиле. Не се во текстилна фабрика, но сите се колеги, меѓусебно поврзани. Има и еден велешанец кој не може да прецизира од каде се заразил, според епидемиолошка анкета. Има и еден оздравен, од домашно лекување- изјавија до Центарот за јавно здравје Велес. 

Со тоа бројката на активни случаи во велешко е 21 лица. Дваесет од нив се на домашно лекување, само еден е на Инфективно одделение. 

Досега во велешко  вкупно заразени се 225 лица, оздравени се 191, починати се 13.

На инфективно одделение на пладне хоспитализирани се  17 лица, од нив 12 се потврдено позитивни, за пет се чекаат резултати - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »