речник контакт

Празно и пусто, обраснато во плевел е помошното фудбалско игралиште (фото видео)

Обновата е со средства и по проект на Фудбалската федерација на Македонија а од програма на УЕФА

Петар Печков

Помошното фудбалско игралиште во Велес е со терен како џунгла, обраснат со плевел, без стативи, не обележано. Доколку не се седиштата за публиката, тешко дека некој ќе препознае дека е фудбалски терен. Неговата реконструкција започна пред две и пол години од страна на ФФМ.  

Од ЈП Парк спорт  Велес, кое е задолжено да се грижи за спортските терени и објекти во општината објаснуваат, дека тие не добиле никаков документ оти  градежните работи се завршени.  

„Немаме   добиено известување  од ФФМ дека реконструкцијата е завршена од нивна страна. Се до моментот додека не добиеме писмено известување, дека сите работи кои се во склоп на реконструкцијата се завршени и се додека не добиеме Решение од Општина Велес за повторно управување на помошното игралиште, немаме никакви ингеренции за работа и одржување на помошното фудбалско игралиште“ - соопштија од ЈП Парк спорт.

Дополнуваат дека и тие  се згрозени од изгледот на помошното фудбалско игралиште.   Прашуваат кој тоа дозволил и онака малиот простор на Градски парк да биде преуреден во ваков објект, кој дозволил наместо проширување на зелените површини во Градскиот парк, нивно намалување, стеснување на просторот за прошетка и рекреација.

Реконструкцијата на помошното фудбалско игралиште започна  на 2 јуни 2021. На прес конференцијата беа првите луѓе на  ФФМ претседателот Муамер Сејдини  и потпретседателот Лазар Ракиџиев. Најавија дека обновата е со средства и по проект на Фудбалската федерација на Македонија а од програма  на УЕФА.

„Донесуваме одлуки, кои ги исполнуваме. Инвестицијата е околу 400 илјади евра а рокот на изведба  е една година“ - кажа  тогаш Сејдини.  

Беше најавено поставување на 1.125 седишта и рефлектори за осветлување, но не и за одигрување на ноќни натпревари. Реконструкција на помошно фудбалско игралиште во Велес, беше најавена во јули 2018-та.

Обезбедување целокупна документација била причината за тогашното доцнење од три години.  И по еден месец од поставеното прашање до ФФМ, зошто се доцни со изградбата на помошното фудбалско игралиште, одговор нема.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »