речник контакт

Прв број на „Православна Светлина“ списание за православна вера, образовaние и култура

Повардарската Епархија при МПЦ, по повод Велигден го издаде првиот број на „Православна Светлина“ списание за...

Петар Печков

Повардарската Епархија при МПЦ, по повод Велигден го издаде првиот број на „Православна Светлина“ списание за православна вера, образовaние и култура.

Истото ќе може да се набави по цена од 50 денари во сите храмови од оваа Епархија.

- Со ова списание ќе се обидеме да ја надоместиме празнината која со години беше присутна во оваа Епархија а на верниците и граѓаните им ја доближиме православната вера, обичаите и културата на животот. Се решивме името да биде Светлина, бидејќи во Повардарската Епархија подолго време со владеењето на Јован имавме темнина и мрак за нашата црква - изјави Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија.  

Списанието ќе излегува периодично, четири пати годишно.

Во првиот број поместени се текстови за секуларниот карактер на Република Македонија, за Велигденските празнувања, објаснети се некои посебни обреди во Црквата, за дејноста на велешките мајстори и зографи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »