речник контакт

Прв пат по една деценија, пет планети видливи со голо око

За првпат во повеќе од една деценија, Меркур, Марс, Венера, Сатурн и Јупитер - 5-те планети доволно светли за да се видат со голо око

Петар Печков

Почнувајќи од 20 јануари, сите 5 планети ќе бидат видливи пред изгрејсонцето. Планетите ќе може да се видат до 20 февруари. Ова е првпат како 5-те планети се видливи со голо око од јануари 2005 година. 

Меркур ќе биде најдолу до хоризонтот и ќе биде најмалку видлива во северната хемисфера. Потоа, од лево кон десно ќе се гледаат Венера, Сатурн, Марс и Јупитер, во линија соодветна на патот на сонцето за време на денот. 

Веројатно најпрво ќе ја забележите Венера бидејќи е најсветла (единствените посветли тела на небото се сонцето и месечината). 

Планетите ќе бидат распоредени на голем дел од небото, па за да ги видите ќе треба да сте на високо или на место кадешто нема високи дрвја или згради.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »