речник контакт

Прва групна крштевка во Велес

Повардарската епархија организираше групно крштевање во водите на реката Бабуна. Чинот на светата тајна – крштение го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Петар Печков

Повардарската епархија организираше групно крштевање во водите на реката Бабуна. Чинот на светата тајна – крштение го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

32 велешани, на возраст од 15 до 55 години, ја примија христијанската православна вера, верата на нашите дедовци и прадедовци. Верата која Господ Бог преку апостол Павле кој крстосуваше во Македонија ја пренесе на нашите предци.

- Како што во реката Јордан, Јован крстител крштевал пред две илјади години, така денес реката Бабуна се освети а Вие ја примивте христијанската православна вера. Во вашите срца нека останат благодетта и љубовта Божји - ијзави Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија.





















\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »