речник контакт

Прва масовна, пролетна еко акција во Општина Чашка (фото)

Се чистеше во неколку населени места и кај Пашин мост и Долги рид

Петар Печков

Денес се реализираше првата масовна еколошка акција во организација на општина Чашка а потпомогната од ЈПКД Тополка и основните училишта во општината . Се чистеше на повеќе локации и населени места.

Во акцијата се вклучија претставници на Советот на Општина Чашка, вработените во општинската администрација, ЈПКД Тополка наставниот персонал и учениците од основните училишта Тодор Јанев,Лирија и Петар Поп Арсов . 

Акцијата се организираше во поголемите населени места  во Чашка,Горно и Долно Јаболчиште, Горно Врановци ,Мелница, Богомила ,Извор,  како и  по должина на регионалниот пат од месноста викана Пашин мост па се до Стари Град и населба Чашка. 

Упатуваме апел до нашите сограѓани да ги чуваат чисти населените места, да го фрлаат отпадот во кантите за отпадоци, ако сакаме да живееме во поубава и почиста општина со личен пример треба да се трудиме Општина Чашка да биде еколошки чиста. Отпадот и несовесноста во заштитата на животната средина остануваат приоритетни предизвици во наредниов период на општина Чашка  - кажа градоначалникот Горан Стојановски

Во наредниот период ЈПКД Тополка ќе продолжи со понатамошно чистење и уредување согласно програмата за работа.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »